Реал и ПСЖ подготвуваат пеколна трампа?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ова би била трампа на деценијата.

Карим Бензема во Париз, Едисон Кавани во Мадрид, тоа е начелен план на Флорентино Перез и Насер Ел Келаифи.

Како што пренесоа добро информираните мадридски медиуми, Реал Мадрид планира да до говеде Кавани, а во спротивен правец да го испратат Бензема.

Овие извори се повикуваат на добрите односи на челниците на Мадриѓаните и Парижаните, кои на дресовите носат и име на истиот спонзор „Флај Емирати“.

ПСЖ и Реал пред година дена истотака потпишаа договор за „неагресивни“ обиди да си доведуваат играчи од спротивниот табот, односно без претходно целосно одобрение да тргнат во лов на играчот.

Бензема и Кавани се родени во иста година, 1987 година, па што се однесува до тоа, ниту еден тим “ не губи“.

Реал наводно сака освежување, како и ПСЖ поради тоашто оваа трамна навистина може да биде од корист за двете страни.