Реал и Јунајтед ќе тргнат по Дибала


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според „Мундо Депортиво“ Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе водат жестока битка во трката за потписот на Пауло Дибала од редовите на Јувентус.

Како што пишува весникот лично претседателот на Реал Мадрид бил заинтересиран да го доведе Аргентинецот во своите редови, но тоа нема да му биде ни малку лесно затоа што ќе има конкуренција во Манчестер Јунајтед, но и во Јувентус кој со сигурност нема лесно да се откаже од својот најдобар играч.

За Дибала во минатото беа заинтересирани и Барселона и ПСЖ но нејасно е дали тие ќе тргнат по играчот со оглед на тоа што веќе потрошија големи пари на трансфери и многу е веројатно дека со уште еден милионски трансфер ќе ги префрлат правилата на ФИФА.