Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Реал Мадрид денеска потпиша договор со 18-годишниот напаѓач Мохамед Мизиан, кој настапуваше во третолигашот Мелилја.
Талентираниот тинејџер денеска ги помина лекарските прегледи, па потпиша договор на три години, но сепак нема да добие шанса во првиот тим, туку ќе им се приклучи на јуниорите на „кралевите“.
Младиот напаѓач за Милилја сезонава одигра едно полувреме против Реал на „Сантијаго бернабеу“, каде што неговиот тим згуби со 1-6.
Ова е ден од соништата за младиот фудблаер, кој доби голема шанса да направи кариера.