Реал Мадрид во последните два преодни рока заработил 47 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според извештаите на една истражувачка компанија, Реал Мадрид е еден од најмалку агресивните клубови во последните два преодни рокови.

Во извештајот се пишува дека Реал Мадрид од продажбата и купувањето на играчи, е во добивка 47 милиони евра. Затоа што за купување играчи потрошиле 92 милиони евра, а од продажбите заработиле 139 милиони евра.

Токму на играчи, кои заминаа од Реал Мадрид (Хамес, Мората и Дијаз) се заработени 47 милиони евра.

На европско ниво, тоа е шести најдобар баланс добиен токму зад тимовите, кои продадоа повеќе играчи како што се Монако, Дортмунд или Лион.