Реал Мадрид е најбогат клуб во светот!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид не игра како што се очекува од нив сезонава, но и покрај тоа се наоѓаат на врвот на листата со 20 најбогати фудбалски клубови во светот.

Листата во предвид ги зема само приходите на клубовите, без нивните долгови, а „кралевите“ во минатата сезона заработија неверојатни 750,9 милиони евра, па се на врвот на листата.

На второ место е Барселона со приход од 690,4 милиони евра, па првпат од сезоната 2014/15 на врвот се наоѓаат два шпански тимови. Следува Манчестер јунајтед, кој со 666 милиони падна на третата позиција.

Ги следат Баерн Минхен со 629,2 милиони, Манчестер сити со 568,4 милиони, ПСЖ со 541,7, Ливерпул со 513,7, Челси со 505,7…

Во листата има девет тимови од Премиерлигата, четири од Серија А, три од Ла Лига, три од Бундеслигата и еден од Лига 1.

Листата покажува дека приходите на клубовите за минатата сезона пораснале за шест проценти, па сега изнесуваат неверојатни 8,3 милијарди евра.