Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез потврди дека Реал во наредните 2 години ќе има нов спонзор на предната страна на дресот.
Претходните неколку години спонзор на Реал Мадрид беше „Емирати“, а тие добиваа годишно по 25 милиони евра.
Сепак, откако заврши нивниот договор, Перез одлучи да донесе нов спонзор.
Претседателот на Реал на денешната конференција потврди дека во наредните 2 години спонзор ќе биде мобилниот оператор „Телефоника“.
Името на оваа голема компанија ќе се најде на дресот, а Реал ќе заработи вкупно 80 милиони евра за двете сезони.