Реал Мадрид испраќа талентиран тинејџер на „калење“ во Англија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвешкиот тинејџер Мартин Одегард пред неколку години стигна во Реал Мадрид како голема надеж на европскиот фудбал, но кај „кралевите“ уште не доби шанса.

Одегард во претходните сезони играше на позајмици, а летово се врати во Реал Мадрид по позајмицата со Херенвен. Овој 19-годишен фудбалер имаше подготовки со „кралскиот“ клуб, но најверојатно повторно ќе оди на позајмица.

Шпанските медиуми пишуваат дека тинејџерот ќе го напушти Мадрид во наредните денови, па наредната сезона ќе игра во Англија, односно во Чемпионшип лигата, но не е познато за кој клуб станува збор.

Одегард стигна во Реал Мадрид во 2015. година за три милиони евра, но засега одигра само два натпревари во дресот на неговиот клуб.