Реал Мадрид најде замена за Модриќ, но цената се граничи со – лудило!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сагата за трансферот на Лука Модриќ во Интер продолжува понатаму и најверојатно ќе трае до самиот крај на преодниот рок.

Шпанските медиуми пишуваат дека Флорентино Перез, наводно, му ветил на Модриќ дека ќе го пушти да замине ако сака, но само ако клубот освои три титули во Лигата на шампиони по ред.

Од друга страна, „Скај Спорт Италија“ пишува дека Перез не сака да го исполни ветеното, додека не пронајде замена за Модриќ.

Поради тоа, Перез вчера контактирал со Тотнем и се распрашувал колку чини Кристијан Ериксен, но кога ги слушнал барањата на Англичаните веднаш се откажал од идејата да го ангажира нивниот фудбалер.

Тие, наводно, му побарале 200 милиони евра, а тоа е сума која не може да си ја дозволи, поточно не сака да ја плати Перез.