Реал Мадрид подготвен да го пушти својот дефанзивец во Манчестер Јунајтед

Од таборот на Реал Мадрид се подготвени да ги слушнат понудите кои ќе стигнат на нивна адреса за играчот од одбраната Рафаел Варан.

Наводно, Манчестер Јунајтед сериозно е заинтересиран за овој играч и е подготвен да издвои 54 милиони фунти за да го доведе во своите редови ова лето.

„Диарио Гол“ пренесува дека Реал покрај Варан ќе ги разгледа можностите да им дозволи и на Тони Крос и Герет Бејл да заминат на „Олд Трафорд“ се со цел да ги убедат челниците на „ѓаволите“ да пуштат Давид Де Геа во спротивен правец.