Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Барселона утре пред своите навивачи ќе го пречека најголемиот ривал Реал Мадрид во првиот меч од полуфиналето во рамки на Купот на Кралевите.
Пред неколку дена беше оддржано извлекувањето на паровите за полуфиналето, а сигурно најголем судир ќе биде оној помеѓу вечните ривали. Првиот меч ќе се одигра утре во Барселона.
Сега веќе е јасно дека Барселона и Реал овој месец ќе играат три дуели со оглед на тоа дека набрзо ќе се сретнат и во рамки на Ла Лига. Исто така, денес е одредена и официјалната саатнина за реванш мечот од полуфиналето во Купот на Кралевите.
Имено, Реал Мадрид во реваншот на 27. февруари ќе ја пречека Барселона, а мечот почнува во 21 часот.
Реал Мадрид е незадоволен со одбирањето на терминот за мечот и се чувствуваат оштетено, па подготвуваат жалба до раководството на лигата.
Водството на Примера одлучи Барселона да игра против Севиља на 23. февруари во 16:15, додека Реал својот меч треба да го игра ден подоцна со почеток од 20:45.
Па така, гледано според часовите, Барселона би имала предност во однос на Реал за цели 28 и пол часови одмор.