Реал Мадрид сака два играчи на Монако!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Монако оваа сезона игра навистина добро, а нивните фудбалери со одлични настапи привлекоа голем интерес.

Скоро нема фудбалер кој не се поврзува со преминување во редовите на некој европски гигант, а меѓу нив се Силва и Мбапе.

Овие играчи во свои редови сака да ги види Реал, а наводно во лето тие ќе тргнат да ги донесат.

Интересот за 22-годишниот Силва е огромен. Уште претходно се поврзуваше со некои гиганти, но Реал засега е најблиску до неговиот потпис.

Мбапе е неверојатен во тандем со Фалкао, а му се предвидува голема кариера.

Го споредуваат него дури со Тиери Анри, а член на првиот тим стана на само 16 години.