Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мадридски Реал покажува голем интерес за доведување на офанзивниот играч за врска на Севиља, Пабло Сарабиа.
Како што наведува Ас, Кралевите будно ја следат ситуацијата околу својот некогашен играч и подготвени се да испратат понуда на адреса на тимот од Андалузија за 26-годишниот фудбалер.
Меѓутоа, нема да имаат лесна работа. Севиља не сака така лесно да се откаже од фудбалерот кој оваа сезона на 26 натпревари постигна 15 погодоци и кој со договор е врзан до летото 2020. година.
Реал ќе мора и тоа како да се потруди да го донесе овој фудбалер, а како што се наведува актуалниот европски шампион е подготвен за понуда од 18 милиони евра.
Сепак, тешко е да се верува дека Севиља ќе ја прифати оваа понуда. Таа, ако го сака овој фудбалер во своите редови, ќе мора да биде поголема и сите останати опции паѓаат во вода.
Сарабиа во кариерата настапуваше за Реал Кастиља, а запиша еден настап и за првиот тим, пред кариерата да ја продолжи во Гетафе, а потоа и во Севиља каде ја доживеа својата експанзија.