Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Актуелниот европски шампион доживеа катастрофа на гостувањето кај Еибар, каде што беше поразен со 0-3, а бројките потврдуваат дека „кралевите“ немале полош почеток на сезоната.
Сантијаго Солари успешно ја помина пробата, па доби договор на две ипол години, но јасно е дека проблемите не се решени и дека Аргентинецот нема можност во моментов да го врати тимот на врвот во Ла Лига.
По 13 одиграни натпревари, „кралевите“ се на шестто место со 20 освоени бодови и гол разлика од 20-19.
Шпанските медиуми пишуваат дека очаен дел од екипата е одбраната, па тие речиси примаат по два гола на натпревар, а статистиката покажува дека Серхио Рамос, Рафаел Варан и Марсело имале 51 загубена топка.
Ваков лош старт Реал немал од 2008/09 во која Бернд Шустер седеше на клупата на „кралевите“, а неговиот тим тогаш беше четврти со ист број на примени голови како и актуелниот состав, но со само три порази и 30 постигнати голови.