Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Реал Мадрид има катастрофална сезона, па се очекува од нив во јануари да се обидат да ангажираат нови засилувања.
Според шпанските медиуми, тоа би можел да биде Марк Бартра од Бетис и тоа не би било чудно доколку фудбалерот во минатото не играше з Барселона.
Бартра во јануари се пресели од Борусија Дортмунд во Бетис во кој настапува фантастично, па како награда доби повик во шпанската репрезентација.
Проблемот во реализацијата на трансферот би можел да биде откупната клаузула, која наводно изнесува 60 милиони евра.
Бартра е стандарден член во екипата на Бетис за кој одигра десет натпревари во Ла Лига и постигна еден погодок.
Да потсетиме, фудбалерот беше член на Барселона дури 14 години – од 2002. до 2016. година.