Реал најде алтернатива за Карвахал: Кога играл овој играч тие изгубиле само еден од 17 натпревари!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Откако УЕФА ја одби жалбата на Реал за суспензијата на Дани Карвахал, Зидан алтернатива на позицијата десен бек за натпреварот во ЛШ против ПСЖ, најде во Начо.

Бројките покажуваат дека Реал Мадрид од 17 натпревари кога Начо Фернандез играше на позицијата десен бек изгуби само еден.

Токму во сезоната 2015/16, тој беше стрелец за единствениот гол против ПСЖ, кој им осигура пласман понатаму на Реал.