Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона по победата од 3-0 во полуфиналето на шпанскиот Куп, денеска славеше и во шпанската Ла Лига со 1-0 против вечниот ривал.
Реал Мадрид вечерва прв се закани преку Рафаел Варан во 13. минута, но неговиот удар беше изблокиран. Во 19. минута добра шанса имаше Лионел Меси, но Тибо Куртоа успеа да одбрани. Сепак, Каталонците успеаа да стигнат до водство во 26. минута, кога одличната акција во гол ја претвори Иван Ракитиќ.
Во второто полувреме „кралевите“ се заканија преку Винисиус Жуниор, но едноставно не можеа да го совладаат голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген, па Каталонците славеа со 1-0.
Барселона сега има 60 бодови на табелата во Ла Лига, односно 10 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и 12 повеќе од третопласираниот Реал.