Реал сака размена со Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ќе видиме дали Челси ќе се согласи, а одлуката е на Конте.

Реал нема лесно да го пушти Мората во Челси. Тие го гледаат напаѓачот како дел од можната замена за Куртоа или Азар.

Овој вториот е невозможна мисија, а сигурно Челси нема да се откаже од еден од своите најдобри играчи, а воедно и еден од најдобрите играчи во светот.

Причина е желбата на Куртоа да се врати во Шпанија, па тој е пореална опција.

Челси сигурно ќе го продаде Диего Коста во Кина и сигурно ќе бараат нов напаѓач, Мората е прв избор, но ќе видиме што ќе се случи до крајот.

Ќе видиме во лето што ќе одлучи Конте.