Реал сака фудбалер на Наполи кој има клаузула од 70 милиони евра!


Време е за ЕП: Супер дерби уште на стартот, тест за домаќинот! ↓↓↓


Шпански Ас пишува дека тоае Пјотр Зјелински.

Реал Мадрид на 15 февруари го игра првиот меч од нокаут фазата против Наполи. Во тој меч Зинедин Зидан нема да ги гледа само своите играчи веќе и еден од италијанскиот состав – Пјотр Зјелински.

Полјакот во минатото лето се придружи Наполи од Удинезе за 16 милиони евра, а сега Ас пишува дека Реал е загреан за еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.

Се наведува дека поради тоа откупната клаузула за Зјелински е околу 70 милиони евра.

Зјелински во оваа сезона даде три гола на 24 натпревари за Наполи, а настапи и во 21 натпревари за репрезентацијата на Полска.

Ќе биде интересно да го видиме на Сантијаго Бернабе на 15 февруари, и недела дена подоцна на Сан Паоло во Неапол.

Полјакот има договор со Наполи до 30 јуни 2021 година.