Реал се обидувал да го купи Нејмар од Барселона


    Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Еден од најдобрите фудбалери на Барселона, Нејмар минатиот месец потпиша нов договор со каталонскиот гигант до 2021. година.

    Нејмар со тој потег јасно покажа дека сака да остане во Барселона, иако нема клуб во светот кој не би сакал да го види Бразилецот во својот тим.

    Најзаангажиран клуб за неговото купување бил Реал Мадрид, кој се до потпишувањето на нов договор бил упорен во повиците на адресата на бразилскиот велемајстор.

    Тоа го потврди и таткото на Нејмар, што воеедно е и негов агент. Тој истакна дека Реал сакал да го донесе неговиот син, но едноставно одлуката била да остане во Барселона.

    За Нејмар, освен Реал Мадрид, интерес покажаа и Манчестер Јунајтед и ПСЖ.