Реал со докази демантираше дека Ковачиќ одбил да тренира (ФОТО)


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако во „Марка“ се појавија шпекулации дека хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ одбил да тренира со екипата на Реал Мадрид, додека неговата иднина не се реши, сега таквите шпекулации ги демантираат од „кралскиот клуб“.

Ковачиќ, наводно, е разочаран затоа што Реал не сака да го пушти да побара нов клуб и да реализира трансфер, иако беше јасен во својата желба за нови предизвици.

Хрватот имал неколку состаноци со управата на Реал, како и тренерот Хулен Лопетеги, но никој од нив не сакал да ги послуша неговите желби.

Па така на официјалниот Твитер профил на Реал се објавени фотографии од денешниот тренинг со посебна порака со која „кралевите“ сакаа да им соопштат на сите дека Ковачиќ е во Мадрид, но дека таму е и Марсело, за кој исто така се шпекулираше дека „исчезнал“ од екипата.