Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најдобрите напаѓачи минатата сезона во Лига 1, Маријано Дијаз, ќе се врати во Реал Мадрид.
Севилја беше заинтересирана за напаѓачот, но претседателот на клубот кажа дека Дијаз нема да се пресели кај нив бидејќи Реал Мадрид ја активирал клаузулата.
Напаѓачот претходно играше за Реал Мадрид, а потоа беше продаден за осум милиони евра во Лион, но постоеше откупна клаузула само за „кралевите“.
„Преговаравме со Лион и тие имаа 48 часа да решат. Реал Мадрид на крајот го направи тоа и го купи“, кажа претседателот на Севилја.
Наводно, клаузулата на играчот изнесувала 22 милиони евра.