„Реал ќе ја казни секоја наша грешка“


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер и член на Баерн од Минхен Артуро Видал е внимателен пред двомечот од четвртфиналето на Лигата на шампионите каде што неговата екипа ќе игра против Реал Мадрид.

Реал е бранител на трофејот и екипа која и во оваа сезона важи за еден од главните фаворити за освојување на ова натпреварување, а Вивал е внимателен дека тој и соиграчите не смеат да направат ниту една грешка во овој двомеч бидејќи Реал тоа знае да го искористи.

„Пред мечот со Реал не очекуваат два важни натпревари во Бундеслигата против Хофенхајм и Борусија Дортмунд. Тие натпревари одлично ќе не подготват за Реал и ќе бидеме во добра форма пред првиот меч против Реал.

Мораме да бидеме фокусирани кога ќе изгубиме топка бидејќи тие секој наш кикс ќе пробаат да го искористат. Ќе мораме да правиме што помалку грешки и да ја реализираме секоја шанса која ни се укажува“, рече Видал.

Да потсетиме, првиот натпревар меѓу овие ривали се игра на 12 април во Минхен, а реваншот е шест дена подоцна на Сантијаго Бернабе.