Реал џабе се надеваше: Ѕвездата на Мексико реши – Барселона е мојот сон!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Барселона и ПСВ играат во рамки на Лигата на шампиони, а Мексиканецот Ирвинг Лозано признава дека Каталонците се примамлива локација за него.

На Светското првенство Ирвинг Лозано привлече внимание на себеси со голот против Германија, а меѓу клубовите кои се заинтересирани е и Барселона.

„Барселона се распрашувала за мене, но нема ништо конкретно. Морам да признаам дека играњето во Барселона би било остварување на сонот за мене“, кажа Лозано.

Очигледно Мексиканецот ќе си обезбеди трансфер во некој европски гигант, а можеби тоа ќе биде во Барселона.