Десет нови правила кои ќе го сменат фудбалот: Нема повеќе пенали, офсајди и жолти картони!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Техничкиот директор на Светската фудбалска федерација, Марко ван Бастен изјави дека би требало да се ограничи бројот на натпревари на најмногу 60 во годината, а меѓу новите правила предложи и прекинување на продолженијата, пеналите, офсајдите…

Поранешниот играч на Милан и Ајакс ја искористи својата функција во ФИФА да предложи низа на промени, а тие негови предлози најверојатно ќе предизвикаат бурна расправа.

„Разговарав со многу тренери и играчи. Мораме да го промовираме квалитетот наместо квантитетот. Премногу фудбал има денес, мора да ги браниме играчите. Дури и во јуни кога се играат најголемите натпреварувања, фудбалерите не можат да го дадат својот максимум.“

„Мислам дека 75 натпревари се премногу во година, мислам дека треба да застанеме на 55 или 60 натпревари.“

Иако ФИФА го прошири СП од 32 на 48 репрезентации, тоа нема дополнително да ги изморува фудбалерите. Клубовите би требало да најдат начин да го намалат бројот на натпревари, пред се пријателски.

„Тоа е се поради парите, но мораме да мислиме на фудбалот, а не само на парите.“

Во некои земји како што е Англија или Франција се играат и по 2 куп натпреварувања, а предлог е прекинување на некои од тие натпреварувања.

Марко Ван Басте предложува и отстранување на продолженијата и пеналите, а интересен предлог има и како треба да се изведуваат пеналите.

„Играчот би требало да тргне со топката од 25 метри и потоа да се обиде да го помине голманот или да испрати удар порано.. Но, се тоа би требало да го направи за 8 секунди. Овде повеќе станува збор за вештина, а помалку за среќа.“

Тој туак не сопре, предложи и отстрануање на офсајдот, бидејќи верува дека фудбалот со тоа би станал многу попривлечен.

„Мислам дека е интересно да се гледа натпревар без офсајд. Фудбалот денес се повеќе личи на ракомет со 9 или 10 играчи пред голот.“

Ван Бастен наведе и дека би било интересно кога би се вовеле ¼-ни во игра.

„Тренерот тогаш ќе има шанса 3 пати да ги осветува играчите.“

Тој предложи да се воведе правило само еден играч, најверојатно капитенот да има право да разговара со судиите, а потоа да се ограничи и бројот на прекршоци кои може да ги направи еден играч, како и зголемување на бројот на измени и воведување на временски казни наместо жолти картони.