Револуцијата на Инфантино – 48 зејми на СП?!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Новиот претседател на ФИФА Џани Инфантино откри дека светската куќа на фудбалот има план да го прошири бројот на учесници на светските првенства.

    Првиот човек на ФИФА на една трибина во Богота по прв ги откри прецизните планови за проширување на Мундијалот за што ќе се дискутира на заседанието на ФИФА во јануари 2017 година.

    „Кога Колумбија  се квалификува на СП, цела земја беше во еуфорија, но доколку во тоа не успеат во тоа, народот би бил тажен. Поразите на фудбалските националпни репрезентации ги доживуваат како национална трагедија, поради што сакаме да ја покажеме силата на фудбалот и Светските првенства“, пораче Инфантино.

    Планот би бил таков што за ова нешто ќе се организира посебен систем, со плеј оф непосредно пред старот на Мундијалот.

    „Планот е 16 најдобри екипи да се пласираат во групната фаза, додека преостанатите два тима да играат плеј оф во земјите на одржување на турнирот. Значи, 32 селекции ќе играат еден квалификациски меч пред почетокот на групната фаза и ќе го дополнат бројот  од 32 финални екипи“, откри Инфантино.

    На оваа трибина присуствуваше и легендарниот колумбиски фудбалер Карлос Валдерама кој ја поздрави идејата за новиот систем на натпреварување на СП.

    “Зголемување на бројот на репрезентации на светските шампионати е одлична и многу позитивна работа. Мислам дека ова е одлична идеја“, рече домаќинот Валдерама.