Револуција: ФИФА ги менува правилата, Челси и Јувентус најголеми губитници!


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


ФИФА прави нов план за да го ограничи бројот на позајмици, но и купување на играчи.

Јувентус во моментов на позајмица има 26 играчи, а Челси дури 40 фудбалери, па поради тоа тие ќе бидат најголеми губитници во случајот.

Јувентус купува млади играчи за малку пари, го праќа на позајмица или го продава за неколку милиони евра повеќе. Нема ризик, а ако се покаже играчот, тогаш ќе го користат, а доколку не, тогаш ќе го продадат.

Таков систем има и Челси, кој има свои клубови како Витесе и ги праќа своите играчи на позајмица.

ФИФА ќе предложи исклучок за таленти под 21 година и тоа кои потекнуваат од екипата,па само тие ќе може да одат на такви позајмици.

Јувентус минатата година имаше 45 играчи на позајмица, а „Билд“ тврди дека Јувентус изгубил на 48 играчи, а добил на 43, па во моментов имаат голема добивка.

Ако помине предлогот на ФИФА, само осум играчи ќе може да се праќаат на позајмица, а исто така се зборува и за огрничување дека еден клуб ќе може да ангажира само осум професионалци, односно да потпише договор со осум играчи во текот на една сезона.