Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сопственикот на Торо Росо, Франц Тост изјави дека Ред Бул нема инетерес да се договори со Рено за да го пушти Саинц да им се приклучи во нивниот тим.
Саинц има договор со Торо Росо за наредната година, но Рено сака да им ги замати сметките.
Откако опциите на Рено за Фандорне, Перез и Ботас паднаа „во вода“, разбирливо е дека Саинц ќе биде кандидат за 2017-та.
Но Ред Бул даде јасно до знаење дека нема интерес да направи договор со Рено.
„Карлос има договор со Ред Бул и не мислам дека Ред Бул ќе го пушти во друг тим.“
„Денес тој е голем професионалец и не гледам причина некој да го пушти.“
Додека Саинц има договор со Ред Бул, неговиот тимски колега Квајт и неговата иднина се уште тема на шпекулации.
Тост призна дека второто седиште во Торо Росо ќе биде заземено од него или од Пјер.
„Исто така ќе има и измени: поголеми губи, нова аеродинамика и за тим како Торо Росо е важно да се има еден искусен возач. Идеално ќе биде доколку имаме 2 возачи.“
„Ќе биде важно да се има возачи како Саинц, а ќе видиме дали Квајт или Пјер ќе биде негов колега. Не гледам други решенија во моментов.“