„Реков дека Шуми е подобар, но не го мислев тоа!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Поранешниот близок соработник со Шумахер, Рос Браун ги појасни неодамнешните изјави во кои навести дека на Шумахер му е подобро.

    Да потсетиме, Шуми пред скоро 3 години доживеа тешка повреда по падот на скијање, а за неговата состојба во моментов малку се знае.

    Браун пред неколку недели во интервју за медиумите откри дека постојат охрабрувачки знаци во оздравувањето на легендарниот Германец.

    Меѓутоа, во разговори повторно за медиумите, поранешниот шеф на Мерцедес и Ферари појасни дека немал намера да навести дека оздравувањето на Шумахер тече во најдобар ред, бидејќи неговото семејство не сака да објавува информации за неговата состојба.

    На прашањето дали често го посетува Германецот, Браун изјави:

    „Да, го посетуваме. Се надеваме и се молиме дека еден ден ќе оздрави. Реков дека е подобар, но не го мислев тоа, неговото семејство не сака да открива детали за неговото лекување и јас морам да го почитувам тоа. Затоа не сакам да ја коментирам неговата состојба.“

    Браун исто така додаде дека бил шокиран кога ја добил информацијата за несреќата на Шумахер.

    „Бев на пат кон Шкотска за Нова година кога ме повика неговата менаџерка. Ги откажавме плановите и отидовме да бидеме покрај него. Беше тоа неверојатно болно за неговото семејство, а голем шок за нас. Михаел е толку силен, а во текот на тркачката кариера само еднаш ја скрши ногата. Иронија е тоа што му се случи во момент кога водеше мирен живот.“