Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентина славеше над Мексико со 2:0 во пријателскиот меч во Кордоба. Под водство на привремениот предводник, Лионел Скалони и без Меси кој во моментов не игра за репрезентацијата. Но, затоа тука е тандемот ѕвезди од италијанските великани.
Пауло Дибала, кој изминатата година јавно порача дека не може да игра заедно со Меси, бидејќи се ист профил на играчи, со што се сложи и самиот Меси, ниту на овој меч не успеа да погоди за Аргентина, но затоа го намести првиот погодок, кој на неговиот центаршут во 44. минута го постигна Рамиро Фунес Мори.
Мауро Икарди, уште една суперѕвезда, кој никако не се гледаше во тимот со Меси кај претховниот предводник, Сампаоли, го натера соперникот во 83. минута да ја забие топката во својата мрежа по центаршутот на Ренз Сарави, кој сигурно играше на десната крилна позиција на Аргентина.
Мексико од тежок пораз се спаси по добрата улога на Охо на голот.
По дебалкот на СП од репрезентацијата на Аргентина се повлекоа Маскерано и Ди Марија засекогаш, а Меси се повлече на одреден временски период, па во кадровскиот и тактичкиот дел беа забележани значајни реконструкции.
Дибала сега е главен, а во играта напред му помагаат кореа и Акуна. Заштита им се Паредес и Ло Келсо, а во нападот мечот го стартуваше Мартинез.