Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид ремизираа во првиот натпревар од полуфиналето во Копа Дел Реј. По првите 90 минути резултатот беше 1:1.
Средбата одлично започна за „Кралскиот клуб“ кој дојде до водство по само шест минути игра кога Бензема беше асистент, а сигурен реализатор беше Лукас Васкез.
Во 26. минута Барселона беше блиску до израмнување кога Иван Ракитиќ ја погоди гредата од голот на Кејлор Навас. И тоа беше се во првиот дел.
Во второто полувреме Барселона стигна до израмнување по еден одличен потег на Жорди Алба кој упати удар кој беше одбранет од Навас, но топката некако стигна до Малком на кого не му беше тешко да ја погоди празната мрежа.
Во самиот финиш на средбата Реал имаше прилика повторно да поведе, но Герет Бејл не се снајде најдобро иако се најде во слична ситуација како Малком.