Реми заминува од Челси но останува во Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот интернационалец Лоик Реми ќе ги напушти редовите на Челси ова лето.

Напаѓачот во моментов е вклучен во подготовките на Челси, а на натпреварот против Фулам успеа на два пати да се запише и во листата на стрелците.

Сепак, и покрај тоа што во моментов се останати само со еден напаѓач (Мичи Батсуаи) од Челси решиле да го продадат играчот кој дојде како засилување од КПР.

За Реми интерес има од Евертон и Саутемптон, а се споменува и Марсеј кој го гледа како можен наследник на БафетимбиГоми.