До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вечерва на програмата беа неколку екстра интересни пријателски средби помеѓу репрезентациите учеснички на Светското првенство во Русија.
Така, Германија и Шанија одиграа интересен натпревар во Дизледорф кој на крајот заврши без победник. Шпанија поведе со деби голот на напаѓачот на Валенсија Родриго, додека резултатот го изедначи Томас Милер со проектил од околу 15тина метри.
Аргентина славеше во вториот дерби натпревар од вечерашната програма против репрезентацијата на Италија. Натпреварот кој се одигра на „Етихад“ стадионот во Манчестер донесе многу возбудувања, а на крајот се радуваа „гаучосите“ кои на овој натпревар беа без Лео Меси и Серхио Агуеро. Евер Банега и Ману Ланцини беа стрелци на погодоците за избраниците на Сампаоли.
Англија со голот на играчот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард славеше во натпреварот против Холандија која за жал нема да учествува на Мундијалот. На клупата на „лалињата“ дебитираше Роналд Куман кој речиси комплетно ја промени репрезентацијата на Холандија во однос на претходните натпреварувања.
Мохамед Салах продолжи со одличните игри и беше стрелец за неговиот Египет во натпреварот против Португалија. И кога сите очекуваа победа на Египет од 1:0, во последните моменти од средбата Кристијано Роналдо го изедначи резултатот, а потоа погоди и за победа на репрезентацијата на Португалија.















