Ремонт во Париз: Шеик од Катар прави радикални промени во ПСЖ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Катарскиот шеик Емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој е сопственик на ПСЖ, е подготвен да направи радикални промени.

И покрај големите вложувања, ПСЖ не успева да направи добар резултат во Европа. Сопствениците сакаат трофеј во Лигата на шампиони, но тие немаа среќа ниту сезонава.

Насер Ал-Келаифи не се прослави на претседателската функција, иако донесе големи засилувања, како што е Нејмар или Килијан Мбапе, но направи многу грешки.

Наводно, Ал-Келаифи не може да контролира неколку фудбалери меѓу кои се Нејмар, Тиаго Силва, Маркињос, Едисон Кавани и Марко Верати.

Контрола над нив има најскапиот фудбалер Нејмар, кој има големи бенефиции, односно никој ништо не му забранува, па тоа ќе се обидат да го променат.

Шеикот повеќе не сака да игра било кој во тимот, па ќе следуваат казни, а најверојатно Ал-Келаифи ќе си замине од претседателската функција.