Репрезентацијата до 19 години претрпе пораз од Унгарија


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години претрпе нов пораз, овој пат од Унгарија со 4:3.

Со овој пораз нашите надежи и дефинитивно ги изгубија шансите за пласман на континенталниот собир и натпреварот со Англија нема да има никакво резултатско значење.

Што се однесува до резултатот, гостите од Унгарија први стигнаа до водство со голот на Мочи уште во 4. минута. Резултатот го изедначи Бојан Колевски во 12. минута, но Шон ги врати гостите во водство во 36. минута. Сепак, на полувреме се замина егал затоа што Митровски го изедначи резултатот во финишот на првиот дел.

Македонија во 64. минута направи пресврт со вториот гол на играчот на Вардар, Колевски. Сепак потоа следеа два гола на Унгарија за конечна победа на оваа репрезентација.