Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Победникот на ГН на Малезија, Рикардо го посвети тој триумф на Жил Бјанки, а исто така рече дека се чувствува многу емотивно.
Рикардо ја предводеше 2-та победа на Ред Бул, пред тимскиот колега Ферстапен, бидејќи го искористи проблемот со моторот на Хамилтон, кој до 41-от круг беше на патот кон сигурна победа.
За Рикардо тоа беше прва победа од трката во Белгија во 2014-та година, која беше 2 месеци пред несреќата на Бјанки на „Сузука“.
„Каков ден, сеуште не сфаќам. Беше ова долг период помеѓу шампионски шампањи. Пред 2 недели по трката реков дека ќе победиме оваа сезона и ете тоа го направивме на наредната трка. Од Монако се надевав и верував дека ќе победиме. Многу сум емотивен, не сакам да лажам. Имам измешани чувства и многу сум благодарен. Сакам да ја посветам оваа победа на Жил. Мојот живот многу се измени по неговата несреќа.“
Рикардо пред неколку недели најави дека кармата ќе му врати победа во Монте Карло, бидејќи бил блиску до победа во Монако, но изгуби поради грешка на тимот во боксот.
„Во Барселона и Монако чувствував дека можам да победам, но не успеав. Видов шанса и бев одлучен во намерата да се повтори истото. Борбата со Макс беше фер и чиста. Мислам дека 2-та уживавме.“