Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата од Лисабон го отпушти шефот на стручниот штаб, португалските медиуми веќе имаат информации кој ќе го наследи.
Екипата за која настапува нашиот интернационалец, Стефан Ристовски, остана без тренер откако отказ заработи Жозе Песеиро.
Екипата во следниот период ќе ја предводи Тијаго Фернандеш, но тој е само повремено решение.
Имено, лисабонските „Лавови“ на големо бараат нов тренер, а според пишувањето на португалскиот Рекорд, три имиња се во игра.
Првото е Пауло Соуса, некогашниот тренер на Фиорентина, кој како играч ги бранеше боите на Спортинг.
Тој неодамна беше на еден меч на Арсенал, кој е следен противник на „Лавовите“ во Лига Европа, што многумина го видоа како главен показател дека Португалецот по Кина, кариерата ќе ја продолжи во својата земја.
Во игра се двајцата некогашни тренери на Спортинг, искусниот Жорж Жезус, кој дури ова лето по разни случувања го напушти клубот, како и Леонардо Жардим, кој по серијата лоши резултати доби отказ во Монако.
Како главен кандидат се истакнува Соуса, но ќе видиме каква е одлуката на раководството на клубот.