Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стефан Ристовски вчера го комплетираше трансферот во редовите на Спортинг Лисабон и веднаш беше нападнат од хрватските медиуми дека ја „предал“ својата Риека.
Хрватите остро се нафрлија кон нашиот репрезентативец посочувајќи дека тој во минатото изјавувал дека нема намера да го напушта клубот, а сега, пред најважниот натпревар во историјата на Риека се решил на дрзок начин да си замине.
По тој повод се обрати Стефан Ристовски кој на својот Инстаграм профил објави подолга порака упатена до сите фанови на Риека.
„Моја Риеко….дојде тој ден да се разделиме, сакам да кажам дека не беше како што се зборуваше овие денови…се зборуваа доста лоши работи за мене, но верувајте дека работите кои се случија беа најдобар избор, за клубот и за мене…не сакам да влегувам во проблеми, сакам едноставно да останам запаметен како добар човек и добар играч кој го даде максимумот за Риека. Сакам да останам добар со сите вас, минатите две сезони беа незаборавни, дојдовме за прв пат до насловот, остваривме нешто во што никој не веруваше, станавме двојни прваци. Тоа беа преубави и незаборавни настани во животот. Запознав вистински тим, вистински пријатели, вистински град и вистински навивачи. Риека засекогаш ќе остане во моето срце, секогаш ќе останам Риечанин каде и да одам. Горд сум и ви благодарам на се! Ви благодарам што ме направивте ваков каков што сум. Ваш Риле“- гласеше пораката на Ристовски до фановите и сите поврзани со хрватскиот клуб.
Вчера беше официјализиран договорот помеѓу нашиот репрезентативец и Спортинг Лисабон. Ристовски најпрво ќе настапува како позајмен фудбалер во редовите на Спортинг, а потоа клубот во целост може да го откупи неговиот договор.