Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и член на Риека по одличната сезона зад себе не престана да ги полни весниците во Македонија и Хрватска со можно негово заминување во поголем европски клуб.
Сепак, десниот бек во интервју за „Нови Лист“ истакна дека му е преку глава од трансфер шпекулациите и дека преговара со клубот за нов договор.
„Секој ден нешто излегува и мене веќе ми е преку глава тоа да го читам. Имам уше една година договор со Риека, сконцентриран сум само на Риека. Водиме разговори за продолжување на соработката за уште една година, а вие сами знаете што мене ми претставува Риека и колку ми значи. Ако си заминам од клубот сакам сите да бидат задоволни, не би сакал од мојот трансфер да останат некои проблеми. Додека играм за Риека сакам да го дадам својот максимум и да помогнам на екипата. Ако дојде момент за заминување тогаш сите заедно ќе седнеме и ќе видиме што понатака.“- коментираше Ристовски.
Во младинскиот погон на Риека минатата сезона настапуваше и братот на Стефан, Милан Ристовски. Помладиот од браќата Ристовски остави добар впечаток за младинската екипа на Риека и веројатно ќе добие перманентен трансфер во клубот.
„Ми рекоа дека трансферот на Милан е 90 проценти готов, но мене ми е жал што тој не е со нас на подготовките во Крањска Гора. Меѓутоа таков е фудбалот, Милан има договор, се појави некоја сума, но сакам да верувам дека се ќе се реши набрзо. Би бил среќен ако дојде, Риека да го откупи неговиот договор зошто знам за каков клуб се работи и за каков талент станува збор.“- заврши Стефан Ристовски.
Риека веќе одигра два пријателски натпревари на подготовките во Крањска Гора, едниот против Работнички (2:0) и против Триглав (1:1).