Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ракометниот клуб Охрид денеска го дозна противникот во ЕХФ Купот.
Охриѓани ќе стартуваат од првото коло на второто по ранг натпреварување во Европа, а за противник го добија тимот на Волендам од Холандија.
Првиот натпревар на програмата е на 2/3 септември, додека реванш натпреварите се 9/10 септември. Охриѓани првиот натпревар ќе го играат на домашен терен.
Доколку мине во следната рунда тимот предводен од Горан Андоновски за противник ќе го има португалскиот тим на Порто.