Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимот на РК Охрид откако го постигна историскиот успех по завршувањето веднаш зад Вардар и Металург полека се подготвува за настап на европска сцена.
Првото засилување за тимот предводен од Горан Андоновски ќе биде пикерот Томислав Кљаиќ.
Кљаиќ потекнува од младите категории на Загреб, а има играно и за хрватскиот тим Дубрава со кого ги има постигнато најдобрите индивидуални резултати. 25 годишниот пикер во сезоната 2013/14 бил најдобар стрелец од линијата од 6 метри со вкупно 88% успешност на реализираност.
Покрај Загреб и Дубрава, Кљаиќ има настапувано за Ферлах (Австрија) и Јозгат Бзокспор (Турција).