Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на УФЦ, Конор Мекгрегор беше уапсен во Мајами Бич. Ирецот пред хотелот бил запрен од полицијата, откако украл и скршил телефон на фан, кој сакал да го фотографира.
Откако му го скршил телефонот, неколку пати со нога го згазнал, а потоа ги собрал остатоците и си заминал од местото на инцидентот.
Мекгрегор не стигнал далеку бидејќи полицијата го уапсила и ирскиот борец завршил зад решетки со кауција од 12.000 долари.
Ова не се први проблеми кои ги маше Мекгрегор со американската полиција. Во април минатата година нападна автобус со УФЦ-борци, по што беше уапсен во Њујорк.
Иако беше обвинет за три точки во нападот, сепак помина без казна и мораше да прави друштвено корисна работа, што ја направи минатата недела во црквата во Бруклин.
Кауцијата и овојпат без проблем ќе ја плати, но останува да видиме каква казна ќе добие за овој напад.
WATCH: Conor McGregor released from jail in south Florida following his arrest pic.twitter.com/5k1z8GaoFL
— RTÉ News (@rtenews) March 12, 2019