Роман Абрамовиќ даде дозвола за заминување на една негова ѕвезда

 

Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович им дал на луѓето од клубот зелено светло за продажба на Немања Матиќ, кој наводно се поврзува со трансфер во Јунајтед за сума од 50-ет милиони фунти.

Манчестер Јунајтед беше блиску до потпишување на играчот, но трансферот на Ромелу Лукаку малку ги одложи работите.

Откако Антонио Конте ги доведе Рудигер и Бакајоко, јасно беше дека за србинот нема да има повеќе место во тимот на Челзи, па се поизвесно е дека тој ќе си замине од Лондонскиот клуб.

Раководството на Јунајтед понудило веќе 35 милиони фунти но тие биле одбиени, а од Челзи бараат ни помалку ни повеќе туку 50-ет милиони фунти за играчот.