Рома води во трката за потпис на млад играч за врска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Кеси тврди дека Рома води во трката за овој талентиран фудбалер.

Сепак, менаџерот на Кеси признава дека договор сеуште не е постигнат, па можно е играчот на Аталанта да ја продолжи кариерата во некој друг клуб.

Според информациите од медиумите, Рома и Аталанта се блиску до постигнување на договор, а сумата за која Рома ќе го донесе изнесува 30 милиони евра.

Менаџерот на фудбалер, сепак не сака да ја отфрли можноста дека Кеси би можел да се пресели во друг клуб, затоа што и Челси е заинтересиран за овој играч.

„Рома води во трката за потпис со Кеси, но договор сеуште не е постигнат затоа што има уште врвни клубови кои се во трка за неговиот потпис.“