Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рома и официјално го потпиша Вилиам Бианда кој на „Олимпико“ доаѓа од редвите на Ленс за сума од шест милиони евра, плус пет милиони изразени во бонуси.
Згора на тоа Рома ќе мора да му исплати на францускиот клуб и 15 проценти од следната продажба на младиот фудбалер.
Бианда потпиша петгодишен договор со тимот на Рома кој ќе биде со важност до 30 јуни 2023 година. Младиот стопер ќе го носи дресот со број 28.
„Среќен сум што сум овде. Рома е многу голем клуб. Сигурен сум дека ова е вистински избор за мене, за мојот напредок во следната фаза од мојата кариера“ –коментираше Бианда на официјалната промоција за клубот.
#ASRoma taking care of business ⚡
A big welcome to William Bianda, our ninth new signing of the summer! ? pic.twitter.com/5c2uon0c4J
— AS Roma English (@ASRomaEN) June 28, 2018