Рома го продава Коларов поради проблемите со навивачите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома се наоѓаат на удар на навивачите по катастрофалните игри кои ги прикажуваат оваа сезона.

Според фановите на Рома, единствена светла точка во тимот е младиот Заниоло, а другите играчи редовно се напаѓани од трибините.

Во последно, најмногу е напаѓан Александар Коларов кој се соочува со големи проблеми кога се работи за ултрасите на Рома.

Токму затоа, од таборот на „Волчицата“ ќе го продадат Србинот во летниот преоден рок иако тој има договор со клубот до 2020 година.