Рома донесе одлука во врска со Марез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на клубот од главниот град на Италија изјави дека раководството дошло до одлука да се откаже од потписот на алжирската ѕвезда Ријад Марез. До оваа одлука доаѓаат откако претходно им беа одбиени двете понуди кои ги доставија до неговиот тим Лестер Сити.

 

Рамон Родригез Вердехо или попознат како Монки, даде до знаење дека сака да го види Марез во дресот на Рома, но не по секоја цена. Тој и останатото раководство сметаат дека втората понуда која беше доставена пред неколку недели била “доволно фер” и дека не сакаат да преплатуваат за било кој играч.

“Трета понуда нема да има. Интересот постои но не сакаме да се ставиме во финансиски ризик и да избрзуваме со одлуките.” – додаде Монки.

 

Рома е во потрага по офанзивец кој ќе ја пополни празнината во нападот откако тимот го напушти Мохамед Салах. Тој потпиша за Ливерпул во трансфер кој изнесуваше 42 милиони евра.