Рома е сериозна: Сака играч на Реал Мадрид?


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Тренерот на Рома, Лучијано Спалети, оваа сезона има многу проблеми со повредени играчи, а особено во дефанзивната линија на тимот.

    Од почетокот на сезоната Спалети мора да експериментира во задната линија на Рома поради повредени играчи, па се шпекулира дека поради таа причина Рома во јануари ќе донесе неколку засилувања.

    Ова лето во Рома на позајмица стигна Вермален, но одигра само неколку натпревари. Медиумите пишуваат дека Рома размислува во јануари да ја прекине позајмицата. Наместо него на „Олимпико“ би можел да стигне играч на Реал Мадрид, Начо Фернандез, кој веќе некое време е на мета на римската екипа.

    Наводно, Рома веќе го контактирала Реал за да се знае дали Начо е на продажба. Рома има намера да го донесе овој играч на позајмица до крајот на сезоната по што би го откупил договорот од Реал Мадрид.