Рома закажа медицински прегледи во вторник за три нови засилувања!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Спортскиот директор на Рома, Мончи, имаше многу работа летово, па досега ангажираше неколку засилувања, а во план му се уште три играчи.

Во клубот пристигнаа Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано, Антонио Миранте и Џастин Клајверт, а наскоро треба да пристигнат Давиде Сантон, Никола Заниола и Хавиер Пасторе.

Рома планира да го купи Пасторе за сума од 24 милиони евра, а Аргентинецот би требало да биде замена за Раџа Наинголан, кој се пресели во Интер.

Пасторе игра во ПСЖ од 2011. година, а од тогаш има постигнато 45 голови и 59 асистенции.