Рома замената за Палмиери ја пронајде во Манчестер Јунајтед


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека  Рома е во преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Далеј Блинд.

СЕ верува дека Блинд би бил среќен да се пресели во Рим откако не успеа да се наметне кај Жозе Мурињо. Сепак, извори на „Скај“ дознаваат дека се уште нема договор помеѓу клубовите за висината на оштетата за Холанѓанецот.

Манчестер Јунајтед за левиот бек бара 13 милиони фунти, сума за која во 2014 година го донесоа од Ајакс. Дали Рома ќе се согласи да ја плати истата, останува да видиме.

Инаку „Волчицата“ вчера и официјално остана без Емерсон Палмиери кој се пресели во редовите на Челси за сума од 17 милиони фунти плус седум милиони изразени во бонуси.