Рома пронајде замена за Манолас?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Доколку Костас Манолас замине од Рома, клубот ќе проба да го ангажира Гонзало Родригез.

Грчкиот стопер се поврзува со Челси и Манчестер Јунајтед, а доколку се случи на крајот да оди од Рим, челниците на Рома ќе пробаат да го доведат Родригез.

Родригез е капитен на Фиорентина и еден од главните желби на Рома, а бидејќи му истекува договорот со Виолетовите, така и е примамлива цел на Римјаните.

Родригез има 32 години, и досега запиша седум настапи за репрезентацијата на Аргентина.